НИКОЛА ДИМИТРОВ: Се формираше шарена коалиција која скаше да руши, но не им излезе така како што планираа
Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, вели дека после локалните избори се формирала една шарена коалиција, која се организирала нешто да сруши, но не им излегло онака како што планираа.
Овој став Димитров го изнесе во своето гостување на ТВ21, каде се дебатираше за вчерашните случувања во Собранието.
„Имавме локални избори, и ги претворивме во политичко-парламентарна криза. Тука видоа шанса опозициските партии, и една многу шарена, да кажам, коалиција. Мене шарената ми е за убави работи, а сега се здружија за да срушат нешто. Таа различност доведе до тоа, но ситуацијата не излезе така како што планираа. Според зборовите на пратеникот Реџепи, шансата за европските интеграции била главната причина затоа што се откажал, и дека имал контакти со дипломати. Ќе биде убаво следниот период да се фокусираме кон градењето, а не кон рушењето. Имаме пандемија, ситуацијата во регионот е загрижувачка, и мислам дека требаат решителни одлуки“, рече Димитров.
