Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Димитров прекинал состанок со Захариева и Каракачанов

Никола Димитров прекинал состанок со Захариева и Каракачанов

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма изјави дека не е точно дека македонската страна молчи на провокациите и навредите од  Бугарија. 

Тој раскажа дека неодамна прекинал состанок со бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и шефицата на дипломатијата, Екатерина Захариева. 

„Во четвртокот станав од средба со Каракачанов и Захариева. Имавме виртуелна средба после Софија, имавме уште обид. На изјава „таканачарен народ“ реков мојот народ тоа не го заслужува и го прекинав состанокот. Потоа состанокот продолжи кратко и го завршивме. Сега ме навлековте тоа да го кажам, немав намера тоа да го кажам. Оваа позиција секако е навредлива. Разликата е дали ќе речеме јас станав, си заминав, ќе направиме прес од тоа, или ќе постапиме возрасно“, вели Димитров.

Сепак вели дека треба паметно да постапуваме и да одговараме возрасно.

Од Захариева и Каракачанов постојано стигнуваат закани за вето на македонските преговори со ЕУ, но и провокации. 

Слично

Поврзани вести