Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЛА ДИМИТРОВ: Последниот нон-пејпер е балканска ујдурма, а можеби потекнува и од кај нас

НИКОЛА ДИМИТРОВ: Последниот нон-пејпер е балканска ујдурма, а можеби потекнува и од кај нас

На планот на односите меѓу земјава и Бугарија не се случува ништо, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостување на Утрински брифинг на Слободна ТВ, каде и се осврна на актуелните теми поврзани со и за Балканот.

Имено, Димитров воп гостувањето истакна дека на планот на односите со соседна Бугарија не се случува ништо ново, бидејќи Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските. Оттука, за него нон-пејперот што се појави во јавноста, е сосема бесмислен.

„Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека ‚документот' е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите“, вели Димитров за Утрински брифинг.

И бугарската влада се огради од таквиот документ.

Во врска со односите со Бугарија, Димитров вели дека во овој случај, во односите меѓу Македонија и Бугарија, „историјата не е учителка, туку сме влезени во затворот на историјата“.

Слично

Поврзани вести