Никола Димитров: Пандемијата направи застој кај комисиите за учебници
Никола Димитров, министерот за надворешни работи, на денешната средба со медиумите рече дека Преспанскиот договор во поголемиот дел е реализиран, а од посуштинските незатворени прашања останува уште само да се постигне решение помеѓу заеднички интердисциплинарни комисии за ревизија, главно на учебниците по историја и географија, кои се употребуваат во образовниот систем.
- Мојата оценка е дека Преспанскиот договор, во голем дел, особено за крупните прашања, се спроведува. Оние работи каде што можеби има некаков застој, во делот каде што има некои разлики, има застој кај двете комисии која ја направи пандемијата, рече Димитров.
Додаде дека за меѓународниот код МКД и за регистрациите на автомобилите во Преспанскиот договор одредбите се јасни и не оставаат простор за свое толкување од страна на Грција.
- Трговските марки, интелектуалната сопственост и брендовите, додека нема заеднички договор, останува статус-кво ситуацијата. Нашата страна е подготвена, активно работи и се консултира со стоипанската комора, додаде Димитров.
