Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Димитров на интерпелација: Мене ме обвинувате за тоа што Бугарија не го почитува договорот

Никола Димитров на интерпелација: Мене ме обвинувате за тоа што Бугарија не го почитува договорот

Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, на денешното барање за негова интерпелација на седницата во Собранието рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивните пандани во Бугарија звучат исто кога го обвинуваат.

- Таму велат дека сум поопасен од корона-вурусот, човек кој ги ослабнува бугарските позиции, човек кој го одбил понудениот анекс.  Потписниците се обрзани да помогнат, а не да го блокираат нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Јас не сум одговорен ако некоја земја одлучи да не го почитува договореното.  Од неевропското однесување на соседот не требаше да правите дневно-политички перформанс. Едвај чекате лоши вести, а кога ги нема, ги измислувате. Таква беше лагата за Данска и Холандија, рече Димитров.

Вицепремиерот ги нарече поднесувачите на интерпелација „лажни патриоти“ кои имагинарно ги прославуваат „дипломатските порази“ и дека немаат елементарно познавање на процесите, а при тоа подвлече дека извештаите за „заробена држава“ се претвориле во извештаи за „светол пример“

-  Зошто сум обвинет? Затоа што не испорачав преговори по секоја цена. Мене ме обвинувате што Бугарија го прекрши членот 2 од договорот, каде што се обврза да ни помага во евроинтеграциите, рече претходно поранешниот министер за надворешни работи.

Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно од собраниската говорница рече дека во договорот за добрососедство немало гаранции дека Бугарија нема да не блокира на патот кон ЕУ

- За мене не е проблем што Македонија не почнува преговори, туку живото стагнира и оди надолу. Дали ова е сценарио на власта за да нема контролни механизми и притисок? Одкако изби аферата „Рекет “, Зоран Заев немал билатерална средба со премиер на западна земја, претходно кажа Николовски.

Односите со Бугарија и закочените евроинтеграции се причина за уште едно барање за интерпелација на Никола Димитров, овој пат како вицепремиер за европски прашања. Во изминатите три и пол години тој преживеа две интерпелација, но како министер за надворешни работи.

Опозицијата уште при крајот на минатата година му поднесе интерпелација забележувајќи му дека покажал непочитување кон Собранието и не реферирал за односите со Бугарија и дека ја довел во заблуда јавноста со тоа што тврдел дека Македонија има одлука за старт на преговорите со Европската унија. 








Слично

Поврзани вести