Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Димитров: МНР не може да му го одземе дипломатскиот пасош на Миленкоски без одземен безбедносен сертификат

Никола Димитров: МНР не може да му го одземе дипломатскиот пасош на Миленкоски без одземен безбедносен сертификат

Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, вели дека дипломатскиот пасош на контроверзниот Миле Миленкоски не може да биде одземен доколку не му е одземен безбедносниот сертификат од страна на безбедносните служби.
„Во МНР има записи од писмена комуникација со МВР за овој случај. Кога добивме информација дека ќе почне истрага во рамките на МВР, од таму добивме прилично штури информации. За таа работа ние ги информиравме безбедносните агенции и во фајлот за вработениот ги има сите овие информации. Дипломатски пасоши добиваат тие што имаат дипломатски статус. Дипломатскиот пасош може да се одземе кога ќе се одземе безбедносниот сертификат, а тоа е во надлежност на безбедносните агенции. МНР нема капацитет да врши безбедносни проценки“, рече Димитров.

Се отплеткува скандалот со македонскиот дипломат Миленкоски кој од мисијата на ОБСЕ во Виена заврши во затвор во Србија. Во исто време  јавното обвинителство на Ерменија официјално информира дека од македонските правосудни власти очекуваат да им биде предаден Миленкоски, а во Македонија во круг се врти кој е е виновен за скандалот, откако тој преку дипломатски канали го пренесе илегално братот на тогашниот ерменски претседател иако бил под истѕрага за проневера на пари.

За скандалот со тројцата македонски дипломати вмешани во организирање бегство на осомничена личност, но и други личности од Ерменија за корупција и перење пари, поранешниот министер за надворешни работи Димитров вели дека истрагата требало да се води во рамките на МВР и безбедносните агенции.

„Во МНР има записи од писмена комуникација со МВР за овој случај. Кога добивме информација дека ќе почне истрага во рамките на МВР, од таму добивме прилично штури информации. За таа работа ние ги информиравме безбедносните агенции и во фајлот за вработениот ги има сите овие информации. Дипломатски пасоши добиваат тие што имаат дипломатски статус. Дипломатскиот пасош може да се одземе кога ќе се одземе безбедносниот сертификат, а тоа е во надлежност на безбедносните агенции. МНР нема капацитет да врши безбедносни проценки“, додава тој.


Слично

Поврзани вести