Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Димитров испрати демант: Безобразно лажна вест!

Никола Димитров испрати демант: Безобразно лажна вест!

Кабинетот на Никола Димитров веста и шпекулациите дека министерот за надворешни работи повеќе неме да биде шеф на македонската дипломатија и дека се договорил да работи во САД ги оценија како „безобразно лажни“.

„Безобразно лажна вест, злонамерна шпекулација и ништо повеќе е веста дека министерот за надворешни работи Никола Димитров си заминува од оваа функција“, гласи демантот од неговиот кабинет.

Откако Алсат објави дека е можно како дел од најавените промени во виоскиот државен врв да дојде до заминување на Димитров од МНР, кај блиските портали до опозицијата проструија гласини дека за него веќе има ново работно место како виш советник и аналитичар во „Брукингс институтот“ во Вашингтон.

Засега само кружат гласини дека Димитров е незадоволен што не бил кандидат за претседател на Македонија.


Слично

Поврзани вести