Никола Димитров: Го поздравувам ставот на претседателката Силјановска Давкова за Преспанскиот договор
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров го поздрави, како што вели, новиот став на претседателката Гордана Силјановска Давкова за Преспанскиот договор.
„Ставот на Претседателката треба да се поздрави. Како што Претседателката имаше храброст и доблест тоа да го признае, на истите линии треба да застанат и сите кои ѝ мислат добро на земјата. Тоа е вистината и нашите позиции во надворешната политика ќе бидат далеку посилни ако заедно застанеме зад таа вистина, со сите наши различни идеи за тоа дали било или не било можно подобро решение. Видовме дека битките за македонскиот јазик и идентитет не биле лесни за водење надвор од границите, па навистина потребна е елементарна свест и големина да се признае процес во којшто Грција ставила потпис на македонски јазик и идентитет“, напиша дипломатот на социјалните мрежи.
Тој истовремено уште еднаш го искритикува “Француски предлог”, за кој додаде дека ги кочи евроинтеграциите на Македонија и договорот со Бугарија, како и тоа дека е сосема друга работа во однос на Преспанскиот договор.
Слично
