Никола Димитров: Гладна кокошка, просо сонува....
Никола Димитров, министерот за надворешни работи, синоќа му испрати порака на поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонијо Милошоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема за брзо време да се вратат на власт.
„Гладна кокошка, просо сонува ...“, кусо искоментира Димитров на својот профил на Фејсбук, а потоа додаде во коментарите „Ќе пораснеме, па што сака нека биде. Ќе се радуваме на успесите на сите наши. И ќе научиме да се поддржуваме меѓусебно“, по настапот на Милошоски на телевизија Телма.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија нема основа за триумфализам, но е на добар пат. -Ние немаме основа за триумфализам, но гледаме дека се движеме во добра насока. Сметам дека анализата дека СДСМ без коалиционите партнери тежи 330 илјади гласови е точна. Ние со оглед дека сме опозиција и во помала коалиција, сметам дека сме на добар пат. Од 1991 година до денес никогаш не победил канидидат на опозицијата, без разлика кој е на власт, заклучи Милошоски.
Димитров се уште нема коментар откако Алсат вчера објави дела на списокот институции каде се очекуваат промени на кадри се споменува и МНР. Неофицијално, Никола Димитров бара да замине од министерската фотелја, но причините не се откриваат.
