Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никола Димитров е кандидат за технички премиер?

Никола Димитров е кандидат за технички премиер?

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров е кандидат за технички премиер на новата Влада, прогнозира германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) во анализа пренесена од „Дојче Веле“.

Според весникот, можни се три сценарија за иднината на Македонија: Актуелното мнозинство да продолжи да владее со нов премиер; да се формира техничка Влада која ќе ја предводи земјата на одреден период; предвремени парламентарни избори.

Според ФАЦ, предвремените избори ги турка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По изборите во недела, премиерот Зоран Заев објави дека си поднесува оставка поради лошиот изборен резултат. Со оваа одлука не се согласуваат неговите коалициони партнери. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести