Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никој уште не знае од каде тргнал превртениот македонски автобус

Никој уште не знае од каде тргнал превртениот македонски автобус

Превртениот македонски автобус, во кој загинаа тројца патници во близина на Лесковац, има непозната точка на тргнување, бидејќи некои српски медиуми претпоставуваат дека тој е од Штип, а други од Прилеп..

Неофицијално тој влегол во снежна бура по што излизгал и се превртел.на патот кон Ниш во близина на Лесковец, а крајна дестинација требало да биде Виена. На местото на несреќата има огромен снежен нанос, па се претпоставува дека причина за трагедијата е новонастанатата временска ситуација, но се остава можност возачот да заспал.

Сите преостанати патници се хоспитализирани, а еден од најтешкоповредените има скршен череп. :Четворица се потешко повредени, но вон животна опасност, додека 14-мина ќе бидат пуштени на домашно екување.

-Автобусот беше превртен, тројца патници не даваа знаци на живот. Екипите на Итна помош од Лесковац кои стигнаа први на лице место им укажаа помош на повредените и направија тријажа. Имаше патници кои беа заробени во автобусот. Нив ги ослободија припадниците на пожарникарската служба. Најтешко повредените ги транспортиравме во Ниш. Еден од пациентите кој е прв згрижен, имаше симптоми на скршен череп, – изјавил доктор од Итната помош од Ниш за српски Блиц.

Во тек е полицискиот увид и утврдување на причините за несреќата


Слично

Поврзани вести