НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КОЈ ГО ПОСТАВИЛ: Двоглав орел никна во Топанско поле!
Во време на политичка криза во главниот град, непознати лица во скопската населба Топанско поле поставиле споменик со двоглав орел.
Постаментот се наоѓа на кружниот тек на помеѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора Македонска Бригада“, а од град Скопје велат дека е побарано од Државниот инспекторат истиот да биде отстранет.
Поставувањето е направено без никаква најава, а свеченото откривање, неофицијално ќе се случи на 16 февруари, датум кој се совпаѓа со почетокот на воените дејствија во Танушевци во 2001 година.
Која е целта на ова поставување и што сакале да постигнат „авторите“ на овој чин засега е непознато.
Слично
