Никој не сака да лета од Охрид до Лондон
Нема интерес кај авиокомпаниите за субвенции со кои би вовеле сезонски лет од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид до британскиот главен град Лондон.
Рокот за пријавување на повикот што го распиша општина Охрид истече, а на огласот не се јавила ниту една компанија. Во условите на јавниот повик беше предвидено авиокомпанијата да добива финансиска поддршка по превезен патник.
Избраната компанија требаше да воведе лет на релација Охрид – Лондон, со два лета седмично во периодот од 15 јули до 15 септември годинава, како и во текот на целите 2015 и 2016 година. Операторот требаше да обезбеди превоз за најмалку 9.600 патници годишно или минимум 800 на месечно ниво, во целиот период на користење на финансиската поддршка.
Сепак, општината не се откажува и најавува дека ќе распише нов конкурс.
Слично
