Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никој не сака да гради барок-зграда за „Железница“

Никој не сака да гради барок-зграда за „Железница“
Ниту една компанија не се јавила на тендерот за изградба на шестканица во барок-стил на местото на сегашните бараки каде е сместено јавното претпријатие „Македонски железници - Инфраструктура“. Од компанијата велат дека не се откажуваат - ќе распишат нов тендер и ќе се обидат со подобри услови да привлечат компании заинтересирани да инвестираат. Во понудата која истече денеска, „Македонски железници - Инфраструктура“ бараше инвеститор кој ќе го изгради објектот, а 30% од површината ќе му отстапи на јавното претпријатие за новите деловни простории. Остатокот ќе го добие приватниот  инвеститор кој ќе може да го намени за деловен простор, хотел, трговски центар или за угостителство. Понудена беше градежна парцела од 3.179 метри квадратни на која требаше да никне објект со висина од 25 метри, со фасада во барок-стил. Еден од условите беше и приватната компанија да обезбеди простор од 500 метри квадратни во центарот на Скопје, каде што ќе може да се смести администрацијата на „Македонски железници - Инфраструктура“ додека се гради новата зграда.
Слично

Поврзани вести