Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОЈ НЕ ГИ СООПШТУВА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗИТЕ НА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР: Граѓаните ги чекаат одговорите

НИКОЈ НЕ ГИ СООПШТУВА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНАЛИЗИТЕ НА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР: Граѓаните ги чекаат одговорите

Никој не ги соопштува резултатите од анализите на водата во Гостивар. На прес конференцијата која ја организираше Владата а на која присуствуваа министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, директорот на СОЗР Ивица Томовски, не беа соопштени резултатите од направените анализи. Како што истакнаа Клековски и Андоновска, тие биле побарани од ОЈО, и ако дозволат од обвинителството тие ќе ги соопштат резултатите.

На прашање на новинарите во прес центарот на Владата, какви се резултатите, Клековски истакна дека доколку добие дозвола од ОЈО, ќе ги соопшти резултатите.

Од Обвинителството велат дека се уште трае предистражната постапка.

„Јавното обвинителство и натаму презема истражни дејствија за прибирање докази. Сите прибрани докази до овој момент, како и доказите кои допрва се очекува да бидат доставени се анализираат за да се утврди состојбата од која ќе произлезе правна квалификација на евентуално сторено кривично дело и идентификација на сторителите. Постапката се уште е во фаза на предистрага која е тајна. Веднаш по утврдување на сите околности и донесување на соодветна јавнообвинителска одлука јавноста ќе биде запознаена“, велат од ОЈО. 


Слично

Поврзани вести