„НИКОЈ И НИШТО НЕ Е НАД ЗАКОНИТЕ“: Стојкоски затвори градилиште во Ѓорче
Во текот на денешниот ден екипи на градежната инспекција во Општина Ѓорче Петров излегоа на терен и утврдија неправилности на градилиште со бесправно изграден објект, при што беше поставена жолта лента со која се спречува и прекинува секакво понатамошно дејствие на локацијата.
Законите мора да важат за сите граѓани подеднакво и истите да се почитуваат. Секое кршење на законите ќе биде санкционирано и ќе се постапи согласно процедурите при утврдување на вакви неправилности.
Општина Ѓорче Петров работи на донесување на Детални урбанистички планови и според истите ќе се одвива развојот на општината, како и градежните активности кои ги извршуваат правни лица на територијата на Ѓорче Петров.
Никој и ништо не е над законите.

