Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИКОГАШ НЕ ПОМИСЛИЛ ДЕКА ЌЕ БИДЕ АТЕНТАТОР: Адвокатот на Фејзулаи раскажа какво минато има момчето

НИКОГАШ НЕ ПОМИСЛИЛ ДЕКА ЌЕ БИДЕ АТЕНТАТОР:  Адвокатот на Фејзулаи раскажа какво минато има момчето

Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше боксер, вели австрискиот адвокат Николаус Раст кој во претходно судење го бранел убиениот терорист Кујтим Фејзулаи. 

Тој раскажа дека терористот растел во сосема нормално семејство, но дека имал несреќа да се дружи со погрешни луѓе.

Адвокатот рече дека никогаш не би помислил дека Фејзулаи би можел да стане атентатор. 

Раст го бранел Фејзулаи, момче со албанско-македонско потекло, на судењето во април лани кога е осуден на затворска казна од 22 месеци поради обид да се приклучи на организацијата „Исламска држава“ во Сирија. За него се дозна откако мајка му го пријави за исчезнат, но се покажа дека се обидел да отпатува во Сирија.

Фејзулаи како тинејџер редовно одел во една џамија каде се радикализирал и уште го дефинирал како момче без ориентација, кое барало место во животот. 

За време на неговата затворска казна за дерадикализацијата се грижело здружението Дерад, а кон крајот на минатата година оцениле дека Фејзулаи повеќе не е опасен и е пуштен од затвор пред време.

20-годишниот Фејзулаи е роден во Австрија, но имал и македонски пасош затоа што потекнувал од тетовското село Челопек. 

Тој вчера вооружен со автомат, пиштол и мачета учествуваше во терористичкиот напад во Виена  во кој се убиени 4-ца граѓани. Во Австрија во тек е масовна истрага, а прогласена е и тродневна жалост. 

Maкедонската полиција денеска информира дека австриската полиција, преку Европол, доставила барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена.

Слично

Поврзани вести