Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

Новинарот Фуркан Салиу со свој пост на фејсбук се огласи околу напуштањето на Мендух Тачи на опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, а што веднаш ги подгреа шпекулациите дека Тачи ќе преговара со Влен за негов можен влез во власта.

„Никогаш не победил на натпревар, секогаш шампион. Никогаш не победил на избори, секогаш на власт“, напиша Салиу во своја објава на фејсбук за Тачи.

Инаку, како што пишуваат медиумите, извори од Демократската партија на Албанците потврдиле дека нивниот лидер и пратеник, Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт, што постави многу прашања за иднината на албанската опозиција на политичка сцена во Македонија. Извори кои што сакаат да останат анонимни за електронскиот медиум на албански јазик ТетоваСот ја потврдуваат информацијата дека Тачи ја напушта опозициската коалиција и дека веќе нема да учествува на настани на т.н Европски фронт.

„Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт. Претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, изјавија од ДПА, нагласувајќи дека во блиска иднина ќе бидат објавени деталите за причините зад овој потег.

Слично

Поврзани вести