Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нико Беќаровски се огласи со совети: Како да се заштитиме од екстремно штетните влијанија на загаден воздух

Нико Беќаровски се огласи со совети: Како да се заштитиме од екстремно штетните влијанија на загаден воздух

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана по здравјето, токсикологот Нико Беќаровски преку објава на социјалните мрежи сподели едноставен совет и план за тоа како да се заштитиме од влијанијата кои се до степен на канцерогени.

Според Беќаровски, изложеноста на овие честички не може целосно да се избегне, но може да се ублажи нивното влијание преку секојдневни навики кои го поддржуваат организмот. 

Тој препорачува денот да започне со чај од диво оригано, во комбинација со додатокот G-132+ Natural. Пред ручек, како што наведува, корисно е да се консумира зелен чај заедно со витамин Д во доза од 1.000 И.Е., додека навечер советува чај од ѓумбир и куркума, или бел слез, повторно во комбинација со G-132+ Natural. 

Дополнително, Беќаровски нагласува дека во текот на денот е важно да се внесуваат најмалку два литра млака вода со парче лимон, а кај лицата без висок крвен притисок може да се додаде и уште една шолја зелен чај. „Ако не може да се спречи, барем благовремено да се лечи“, порачува Беќаровски, потенцирајќи дека грижата за здравјето е особено важна во периоди на екстремно аерозагадување, кога последиците од вдишувањето на штетните честички може да бидат долгорочни.

Слично

Поврзани вести