Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нико Беќаровски: Нашинците од странство барем нека направат еден тест за Ковид-19

Нико Беќаровски: Нашинците од странство барем нека направат еден тест за Ковид-19

Токсикологот, д-р Нико Беќаровски ги повика македонските иселеници кои за време на летните одмори се враќаат во Македонија да се вакцинираат или да направат барем еден тест за Ковид-19.

„Послушајте патриоти.....Најголем патриотски гест на сите наши иселеници кои летово ќе си дојдат дома е претходно да се вакцинираат, или да направат барем еден тест за ковид-19, 24 часа пред да тргнат на пат. Се друго е демагогија и квазипатриотизам“, напиша Беќаровски на Фејсбук.

Тој исто така ги повика повратниците да не прават свадби на затворено, делејќи го истиот став со колегата Никола Пановски.


Слично

Поврзани вести