Никнува новиот парк со 100 дрвја во Капиштец
Започна да се прави новиот парк во скопската населба Капиштец кој според најавите 100 дрвја. На површина од 3.900 метри квадратни, меѓу булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Народен фронт“, спроти зградата на Министерството за економија, ќе бидат засадени зимзелени и листопадни дрвја, јапонски цреши, јавори, туја, чемпреси, смреки. Како што најавија од градот, околу 60 прскалки ќе го наводнуваат просторот, каде ќе биде направена и каменеста градина и летниковец.
Како што појасни градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, паркот ќе чини 3,7 милиони денари, а ќе го одржуваат екипите на ЈП „Паркови и зеленило.
Според Трајановски, ќе се засадат 8 видови дрвја и грмушки, а според неговите пресметки, во изминатиов период во градот се засадени околу 50.000 садници и се создадени тревници од 25.000 квадратни метри.

