Економија, финансии, бизнис

Контакт

Никако предвремени парламентарни избори според Џафери

Никако предвремени парламентарни избори според Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрли идејата дека догодина може да се одржат брзи предвремени парламентарни избори што е несериозно да се помисли со оглед на големиот број на реформски мерки кои Македонија мора да ги преземе и спроведе за да добие шанса за приближување до ЕУ и влез во НАТО.

Тој изрази надеж дека на седницата на 9 јануари наменета за злогласеснио закон за јазиџите, која ќе биде прва во следната година, ќе присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше дека политичката криза завршила пред шест месеци. Според Џафери излегувањето на Алијансата за Албанците од Владата не го разнишува парламентарното мнозинство и од тоа не зависи кворумот во Собранието.

-Убеден сум дека ќе има мнозинство и во 2018 година, дека во Собранието ќе учествуваат сите политички партии, што ќе води кон позитивен извештај од Европската комисија во април и датум за почнување на претпристапните преговори – рече Џафери.

На истата седница со законот за јазиците ќе се најде и точката за избор на двајцата уставни судии, кои се на предлог на претседателот Иванов, по што ќе почне постапката за предложување и именување.

Џафери информираше дека процесот „Жан Моне“ ќе започне на 25 и 26 јануари, следната година, а во однос на спорот за името повтори дека тој формално-правно може да се реши и без референдум.


Слично

Поврзани вести