НИКАДЕ БЕЗ ЧАДОР: Пред нас е дождлив викенд
Врнежи од дожд ќе има во Македонија за време на викендот.
Претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава. Тие ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Веќе од вторник снег се очекува и на некои пониски места.
Утре времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат над нулата освен во Берово каде ќе паднат до минус два степени. Максималната дневна ќе се движи од пет до 13 степени. Во Скопје утринската ќе биде нула, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Изминатава недела имавме ниски температури, а претходната и слаби врнежи од снег.
