Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нухиу пред домашните и европските новинари вети поголема безбедност од МВР

Нухиу пред домашните и европските новинари вети поголема безбедност од МВР

Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денес на средбата со македонски новинари од ЗНМ предводени од Насер Селмани, како и од претставници на Европската Федерација на новинари и Европскиот центар за слобода на печат и медиуми вети дека барањата за поголема безбедност на новинарите ќе бидат сфатени сериозно.

„На средбата со претставниците на Европската Федерација на новинари, Европскиот центар за слобода на печат и медиуми  ветивме дека вратите на Министерството за внатрешни работи ќе бидат отворени за претставниците на медиумите кои се залагаат за објективно и професионално новинарство. Сугестиите за поголема безбедност на вработените во медиумите и почитувањето на професионалното новинарство секако дека ќе имаат влијание  врз повторно разгледување на мерките и активностите на МВР за почитување на оваа демократска вредност“, истакна министерот Нухиу.

Слично

Поврзани вести