Ние сме клептоманско општество, вели Гошев
Во Македонија нема владеење на правото, имаме коруптивно судство, селективна правда и правдата во Македонија се купува, тие што имаат пари се ослободуваат, тие што немаат завршуваат во затвор, изјави во Студио 10 на тв 24, екс гувернерот Петар Гошев.
Вели дека сме со ендемска корупција. Гошев смета дека во земјава владеат најлошите, со исклучок на поединци. Според него, од 1990 година наваму критериумите за избор паѓаат. Вели дека ние во суштина немаме критериум, кој што може и кој што треба да прави.
Слично
