НИЕ СМЕ БИЛЕ СПЕЦИЈАЛЦИ, СУРОВО ОБУЧЕНИ, ЛУЃЕТО ВО КОЧАНИ ОТИШЛЕ ВО ДИСКО ДА СЕ ЗАБАВУВААТ: Ангелов отворено говореше за траумите
Директорот ЦУК, Стојанче Ангелов говореше отворено за тоа што преживеал како специјалец и истакна дека неспоредливо е да се зборува за траумите што ги доживеале луѓето во Кочани и тие како специјалци.
„Ние кога сме оделе во борба сме биле свесни дека можеме да загинеме. Ова што се случи овде е ужас“, вели Ангелов.
На прашањето на Стефан Лазаров дали разговарал за трумите, тој вели дека неспоредливо е тие биле специјалци, тие биле обучени за тоа, и оти се тврд материјал, за разлика од Кочани, каде луѓето биле на забава.
„Топло би препорачал да разговараат со блиските со доктори,а во првата фаза и лекарства би можеле да помогнат и да побараат помош“, вели Ангелов.
Тој вели дека самите загуби влијаат на состојбата на преживеаните.
„Имаме само 4 тела што се изгорени од оган, сите останати се задушени или загинале во стампетодо починале затоа што биле прегазени. Болките нема да исчезнат, соништата нема да ги снема, но добро е да разговараат со стручни лица. “ вели Ангелов.
