Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НИЕ НЕМАВМЕ НУЛТА, ИМАВМЕ МИНУС НУЛТА ТОЧКА“: Директорот на Комунална за состојбата во претпријатието

„НИЕ НЕМАВМЕ НУЛТА, ИМАВМЕ МИНУС НУЛТА ТОЧКА“: Директорот на Комунална за состојбата во претпријатието

Директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје, Драги Митковски, во гостување во утринската емисија на Канал 5 телевизија, открива во каква состојба е комуналното претпријатие.

Рече дека треба да се работи.

„Фокусот на целата ситуација што ни се случи со комуналниот отпад и од моја страна и од страна на градоначалникот, во овој момент е насочена кон постигнување на некое ниво кое е одржливо, во смисла на тоа да комуналниот отпад редовно се сервисира и да не ни се случува онаа случка и слики што ги имавме пред едно извесно време. Многу е тешко, секогаш мора да имате нулта точка, за понатаму да тргнете во некоја активност, да знаете од каде тргате и колку вложувате и што треба да очекувате. Ние во ситуацијава имавме не нулта туку минус нулта точка, и мора да ја имаме таа колективна или граѓанска одговорност. Се согласувам, најголема е одговорноста на луѓето кои треба да ја работат оваа работа, и тие за тоа примаат плата, меѓутоа не можеме да ја избегнеме таа теза дека градот е наш, дека убавиот начин на живеење е за сите“, рече тој.



Слично

Поврзани вести