Ние не смееме да се откажеме од нашето минато, вели академик Ќулавкова
Академик Катица Ќулавкова вели дека безумно е да се бара самите да си го поништиме потеклото и идентитетот.
Објасни дека врз творештвото на Марко Цепенков ние денес можеме да истражуваме лингвистички, етнографски, етнолошки, антрополошки, филозофски што е она што е специфично за македонската нација во 19 век и почетокот на 20 век
„Ако си ја поништиме историјата и ако се откажеме од нашето минато, ќе бидеме без корени и ќе создадеме амбиент Бугарија да каже, дека еве, тоа е нашето бугарско малцинство“, изјави Ќулавкова.
Кажа дека не може да се очекува Македонија со нејзината констелација каква што ја имала тогаш, во втората половина на 19 век и почетокот на 20 век да добие лесно посебна државност.
За македонско-бугарски несогласувања околу јазикот, идентитетот и историјата, академик Ќулавкова изјави дека историската вистина не е едиствена и не е непоречна, но дека Бугарите се држат токму до таа догма дека историската вистина е на страна на бугарската перспектива на толкување на нештата.
Вели дека ние не смееме да се откажеме од нашето минато бидејќи ние суштински и де фактно не сме биле ист народ, туку два соседни народи, како и многу други заедно, во составот на големите империи.
Бугарија се заканува дека ќе стави вето на македонските преговори со ЕУ, ако не признаеме дека народот и јазикот имаат бугарски корени.
