Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НИЕ НЕ СЕ ПРОДАВАМЕ“: Мојсоска од „Левица“ вели нивните пратениции никогаш нема да поддржат непринципиелни работи

„НИЕ НЕ СЕ ПРОДАВАМЕ“: Мојсоска од „Левица“ вели нивните пратениции никогаш нема да поддржат непринципиелни работи

- Она што ние и го докажавме во претходниот мандат е дека не се шиткаме, дека ние не се продаваме. Нашите пратеници никогаш нема да поддржат непринципиелни работи. Нема да ги видите како гласаат за легализација на дивоградби, за промена на уставно име... Како што кажа дури и нашиот пратеник Борислав Крмов во едно интервју, уште кога беше жешка темата ,Бугари во Устав' - ние попрво во затвор би лежеле, отколку да гласаме за Бугари во Устав,

Ова го истакна пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24, која се осврна на повеќе теми, како трансферот на пратеници, Преспанскиот договор...

Според неа, тоа што пратениците на „Левица“ се познати по тоа што не се продаваат, е токму главна причина поради која народот ги поддржува.  

- Тоа е она што го препознаваат нашите поддржувачи. Таа искрена непоткупливост, таа искрена неподмитливост. Ние покажавме дека и во Собранието, за жал, кое беше сведено на едно ниво на сточен пазар, па секој пратеник си има цена, можат да влезат поединци за кои платформата, програмските заложби и идеалите се единствените принципи по кои тие делуваат - додава Мојсоска. 

- И затоа, тоа што го докажаа нашите два пратеника во изминатиот мандат - како што видовте тие беа и опозиција на власта и опозиција на опозицијата кога имаше договарања меѓу власта и опозицијата, сега нам ни го донесе овој зголемен број на пратеници. Очигледно, народот го препозна тоа и народот го бара тоа во овие историски услови - истакна првата жена - пратеничка и генерален секретар на Левица, Мојсоска.

Слично

Поврзани вести