„НИЕ И ЛУДИЛОТО ЌЕ ГО ПОЛУДИМЕ“: Лавина реакции за вработувањето на ГАК
Откако вчера беше објавен оглас за вработување на ГАК, каде беа потребни еден Албанеc, еден Турчин и еден Ром, во јавноста се појавија бројни реакции и тоа не само од лекари туку и од другите граѓани.
„ Апартхејд на дело
Ќе примаат на гинекологија Албанец, Турчин, Ром...
Така стои во огласот.
Не им треба добар лекар. Им треба да е Албанец, Турчин Ром...
И сега да кажеме, од овие некој подобар десет пати, нема да може да се вработи само зашто е Македонец, а квотата за Македонци веќе исполнета.
И ќе ве лечи добар Албанец, добар Турчин или добар Ром, ама не и добар лекар.
А бе лекари вработувате, не молери.
Ние и лудилото ќе го полудиме. Оваа т.н. држава не смее да постои ни ден повеќе.“, напиша актерот Сашо Тасевски.
Со реакција се огласи и докторот Ненад Лазаров.
Па уште со напомена е ставено, да не случајно се залета некој друг, ич да не аплицирате.
НАЦИОНАЛНОСТ НЕ ПОСТОИ ВО ТЕРЦИЕРНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА, ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА ОД ВАКОВ ВИД ВО ДРЖАВАТА!
ГАК, ова е голем срам за вас ко институција, а па и дека не се буните никој од вас, нека ви стои заслужена срамота.
Од кога вакви огласи на УК?“ напишаш тој на фејсбук.

