Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НИЕ БИ ИМАЛЕ НАД 60 ПРАТЕНИЦИ, А СДСМ БИ БИЛА ТРЕТА ПАРТИЈА НА НЕКОИ МЕСТА“: ВМРО-ДПМНЕ со своја проекција по резултатите од локалните избори

„НИЕ БИ ИМАЛЕ НАД 60 ПРАТЕНИЦИ, А СДСМ БИ БИЛА ТРЕТА ПАРТИЈА НА НЕКОИ МЕСТА“: ВМРО-ДПМНЕ со своја проекција по резултатите од локалните избори

По бројките кои ги извади СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ излезе со своја проекција, кој колку пратеници би добил доколку локалните беа парламентарни избори.

„ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните избори. Кога утре би имало парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ по Донтовиот модел, со овие гласови ќе има над 60 пратеници, додека пак СДС во некои ИЕ би била трета партија. Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и градот Скопје, трета, четврта, па дури и петта партија по бројот на добиени гласови. Времето на работа, одговорност и резултати – продолжува, благодарност до сите оние кои го направија вистинскиот избор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат и дека споредбено со 2021 година, добиле 12.000 гласа повеќе.

„На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласа повеќе од 2021 година, додека СДС потона со минус 111.000 гласа. Ова е пораз кој најдобро ја отсликува недовербата на граѓаните во нивните промашени политики, неспособно владеење и неквалитетни кадри. ВМРО-ДПМНЕ е партијата со најголема поддршка во 59 општини и градот Скопје, а во мнозинството од нив има апсолутно мнозинство во советите. Тоа значи дека народот избра стабилност, развој и чесни луѓе кои знаат што значи работа за интересот на државата, а не за лични привилегии. Граѓаните избраа пат на раст и развој, а не застој и пропаѓање. Со оваа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на народот, што ги слуша граѓаните и работи за нив. Сега е време оваа голема победа да се заокружи во вториот круг. Да излеземе масовно и уште еднаш да ја потврдиме волјата на народот, со заокружување на бројот 9, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина! Направете го вистинскиот избор“, соопштија од владејачката партија.

„СО ОВИЕ РЕЗУЛТАТИ НИЕ БИ ИМАЛЕ 21 ПРАТНИК, А ВМРО-ДПМНЕ БИ ПАДНАЛЕ НА 52“: СДСМ направи парламентарна математика од локалните избори


Слично

Поврзани вести