НИЕ БЕЛО НЕМАМЕ ВИДЕНО ВО ДРЖАВАТА! Европа нема да ви побегне, но вие ја губите Македонија, вели Димитриевски
Градоначалникот на Куманово и претседател на партијата ЗНАМ, на својот фејсбук профил објави дека доколку некоја партија сака да соработува со неговата партија, ќе мора да потпише документ во кој ќе бидат дефинирани македонските национални интереси и црвени линии.
„ МОРА ДА СЕ ДЕФИНИРААТ НАЦИОНАЛНИТЕ МАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ И ЦРВЕНИ ЛИНИИ!
Толку е поларизирана политичката сцена во Македонија да истата е обоена на црно и на сиво. Ние бело немаме видено во државата!
Дефинитивно јас тврдам дека на следните избори најмалку ќе влезе уште една, дополнително две бои коишто ќе го раздвојат тоа сивило. Но она што е најбитно, македонскиот политички фактор мора да дефинира национални, македонски интереси и црвени линии. Тоа што никогаш во минатото не е постигнато во нашата држава.
Ние ќе бидеме тие којшто ќе го понудиме тој документ на сите. Доколку сакаат да разговараме за идни соработки, ќе мора да ги усогласиме тие ставови, да удриме потпис, печат сите и да се држиме до тоа, бидејќи тоа треба да го научиме од моноетничките политички партии на Албанците.
Кога се работи за нацијата, кога се работи за државата, нема простор за никакви отстапки, бидјеќи Европа нема да ви побегне,таа е тука, таа функционира и работи.
Но вие од ден на ден можете и ја губите Македонија. Македонија е суверена држава на сопствена територија со сопствен Устав, каков е таков е, сите мораат да го почитуваат и законите да ни бидат усогласени“, напиша тој.
Слично
