Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИ ТЕФЕРИЏ, НИ СОНЧЕВ ГРАД: Еден пат за сите жители - нервози и сообраќаен метеж ги мачат жителите на населбите лоцирани на Водно

НИ ТЕФЕРИЏ, НИ СОНЧЕВ ГРАД: Еден пат за сите жители - нервози и сообраќаен метеж ги мачат жителите на населбите лоцирани на  Водно

Веќе три месеци се прават анализи за причините поради кои пропаѓа патот кај Тефериџ и исто толку време се размислува што да се преземе за патот да биде функционален. Додека се чека негова санација, жителите на Сопиште, горно Соње и другите села заглавуваат на една улица со две коловозни ленти со часови, бидејќи друг алтернативен пат немаат за користење. Иако постои како таков, патот за Сончев град целосно асфалтиран, сепак е забранет за користење. 

Анализите се уште се прават за Тефериџ и нема најави кога тој би можел да биде пуштен во употреба. 

Од друга страна пак, патот за Сончев град го користат рекреативците, бидејќи официјално и по десет години од изградбата, тој не е пуштен во употреба. Најавите се дека тој можеби ќе биде пуштен за употреба до крајот на годината.

Во меѓувреме, граѓаните други опции немаат, освен да чекаат кога ќе им биде ставен во функција друг пат кој ќе го растерети сообраќајот кон и од наслебите лоцирани на Водно. 



Слично

Поврзани вести