Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ни Столтенберг не го извади Тарчуловски од домашен притвор

Ни Столтенберг не го извади Тарчуловски од домашен притвор

Пратеникот Јохан Тарчуловски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го убеди судот да го пуштат од домашен притвор за да може утре во Собранието на Република Македонија да го проследи обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според образложението на судот, Јохан Тарчуловски не може да го прекине домашниот притвор на неколку часа бидејќи таква опција е овозможена само поради болест или поради немили настани во семејството. 

Тарчуловски и Пешевска и натаму се до куќен притвор, додека останатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои беа приведени и натаму се во притворските затворски одделенија. 

Слично

Поврзани вести