Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИ СЛЕДУВА ВАЛКАН ДОЖД: Ќе врне ама ќе има и сахарска прашина и песок

НИ СЛЕДУВА ВАЛКАН ДОЖД: Ќе врне ама ќе има и сахарска прашина и песок

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на изразено јужно воздушно струење кое условува од Сахара кон Македонија поголем транспорт на прашина и песок па токму поради ова  и атмосферата е значително заматена  и нечиста, објави метеорологот Славчо попоски.

„Во исто време од југ облачноста ни се зголемува па токму ова ќе услови денес претпладне 15 април 2026 среда да имаме локални врнежи од дожд во Македонија и тоа особено во западните  и во јужните предели. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен повремено и со умерен интензитет.

Во коминација со Сахарската прашина и песок, дождот кој го очекувам  ќе биде валкан односно помешан со Сахарската порашина  и песок.

Во Скопје  и околината исто така претпладне ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Денес наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени  а максималните температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 9 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 20 степени. Тоа значи дека  и покрај променливото време со локални врнежи, сепак пролетните температури остануваат во Македонија“, вели Попоски.


Слично

Поврзани вести