Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ни се заканува информативен мрак, операторите пред одлука да го прекинат реемитувањето на сите ТВ канали освен МТВ

Ни се заканува информативен мрак, операторите пред одлука да го прекинат реемитувањето на сите ТВ канали освен МТВ

Сите домашни и странски ТВ канали нема повеќе да се реемитуваат, дознава Фактор од свои извори. Според информациите до кои дојдовме, Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија донело едногласна одлука за овој чекор, откако Собранието на последната седница пред да се распушти по скратена постапка ги усвои Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Истиот ден законот беше потпишан од претседателот Стево Пендаровски и објавен во Службен весник. Имено, со измените на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Засега, сѐ уште нема официјална потврда на оваа информација. Од Здружението за ИКТ не потврдуваат, но ниту демантираат. Оттаму, велат дека во моментов имаат состанок каде што присуствуваат преку 40 членки, по што ќе следи официјална информација.


Слично

Поврзани вести