Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИ СЕ ВРАЌААТ ЗАБОРАВЕНИ БОЛЕСТИ, А НИ СЕ ЗАКАНУВААТ И БОЛЕСТИ ПО ПРЕЛЕЖАН КОВИД: Проф. Софијанова за Светскиот ден на здравјето

НИ СЕ ВРАЌААТ ЗАБОРАВЕНИ БОЛЕСТИ, А НИ СЕ ЗАКАНУВААТ И БОЛЕСТИ ПО ПРЕЛЕЖАН КОВИД: Проф. Софијанова за Светскиот ден на здравјето

Светскиот ден на здравјето, 7. април,годинешнава тема ја фокусира на „Здравје за сите“, пред сè заради глобалните предизвици со кои се соочува светот во изминативе неколку.

-Среде пандемија, загадена планета, зголемен пораст на најтешките болести како рак, астма, срцеви заболувања, на Светскиот ден на здравјето во 2023 година, СЗО ќе го фокусира глобалното внимание на итните активности потребни за да се одржат луѓето и планетата здрави и да се поттикне движењето за создавање општества фокусирани на благосостојба, стои во овогодинешниот извештај на СЗО по повод Светскиот ден на здравјето.

Во изјава за Фактор, проф. д-р Аспазија Софијанова, како врвен педијатар во Македонија и воопшто во пошироки рамки, вели дека новите трендови во светот, современите начини на живеење, климатските услови, уште во најраната возраст доведуваат до низа промени во развојот.

-За жал, сега, во 21. век ни се враќаат заборавени болести, болести кои биле искоренети во минатото, а тоа е така заради тоа што родителите одбиваат да ги вакцинираат нивните деца. А една од најголемите, најреволуционерните придобивки од аспект на здрава популација во светски рамки е токму имунизацијата. Се соочуваме и со т.н. лонг ковид, состојба по прележан ковид којашто не само што има негативни последици на срцето, мозокот и другите виотални органи кај луѓето, туку има и негативно влијание врз менталното здравје. Третиот аспект со кој се повеќе и повеќе ќе се соочува светот е оваа т.н ера на аутизмот, состојба кај децата, која секако се темели на современите текови на живеењето, посочува проф. Софијанова.

СЗО проценува дека повеќе од 13 милиони смртни случаи ширум светот секоја година се должат на еколошки причини што може да се избегнат. Ова ја вклучува климатската криза која според експертите е единствената најголема здравствена закана со која се соочува човештвото.

-Климатската криза е и здравствена криза. Нашите политички, социјални и комерцијални одлуки ја управуваат климатската и здравствената криза. Над 90% од луѓето дишат нездрав воздух како резултат на согорување на фосилни горива. Светот гледа како комарците шират болести подалеку и побрзо од кога било досега. Екстремните временски настани, деградацијата на земјиштето и недостигот на вода ги раселуваат луѓето и влијаат на нивното здравје. Загадувањето и пластиката се наоѓаат на дното на најдлабоките океани, највисоките планини и се влезени во нашиот синџир на исхрана. Системите кои произведуваат високо преработена, нездрава храна и пијалоци предизвикуваат бран на дебелина, зголемувајќи го ракот и срцевите заболувања, а истовремено создаваат третина од глобалните емисии на стаклени гасови. Пандемијата откри слабости во сите области на општеството и ја подвлече итноста за создавање општества со одржлива благосостојба посветени на постигнување правично здравје сега и за идните генерации без да се прекршат еколошките граници. Економската благосостојба ги има како свои цели човечката благосостојба, правичност и еколошка одржливост. Овие цели се преточени во долгорочни инвестиции, буџети за благосостојба, социјална заштита и правни и фискални стратегии. Прекинувањето на овие циклуси на уништување на планетата и здравјето на луѓето бара законодавна акција, корпоративни реформи и поединци кои ќе бидат поддржани и поттикнати да прават здрави избори.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести