Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ни се лета, ни се вози – маглата го парализира сообраќајот

Ни се лета, ни се вози – маглата го парализира сообраќајот
Речиси сите полетувања и слетувања на авионите од аеродромот „Александар Велики“ се откажани утрово заради густата магла, која веќе втор ден го парализира авионскиот сообраќај.

Рано изутрината полетал само авион на Wizz Air кој сообраќа на релација Скопје - Лондон, Лутон.

Појава на магла има и по патиштата. Кај Кочани, Штип, Павлешинци, Сарамзалино, Велес, Кула, Петровец, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Охрид и Струга и Куманово видливоста е намалена од 50 до 100 метри. Метеоролозите очекуваат дека маглата која сега ги опседнува речиси сите котлини во Македонија, до попладне ќе се растури.
Слично

Поврзани вести