Ни пишуваат по 300 казни дневно
Над 120 илјади казни кои вредат повеќе од 35 милиони евра поминале низ Управата за јавни приходи минатата година. За 24.475 се подготвиле решенија за присилна наплата. Станува збор за глоби кои ги изрекле во 2018 година органите на извршната и правосудната власт кои имаат ингеренции да казнуваат, а за кои евиденција има Управата за јавни приходи.
Фактор веќе објави дека од УЈП велат дека работата на Центарот за наплата на глоби е се уште во развој и дека се уште не може да се воспостави најпрецизна евиденција и поврзување на казните со казнетите.
Од пристигнатите и обработени предмети, дел веќе биле целосно или делумно наплатени што се констатира дополнително преку постапки што ги спроведува Центарот за глоби, за одреден број органите и институциите не доставиле целосни податоци кои дополнително и континуирано се комлетираат и обработуваат од страна на Управата. За лицата кои не ги платиле износите на казни и трошоци, а за кои во УЈП постојат целосни податоци за идентификација, изготвени се решенија за присилна наплата на парични казни-глоби. Во периодот кој е предмет на обработка на овој извештај, се изготвени 24,475 решенија за присилна наплата на глоби во износ од 392,503,465 денари, трошоци во износ од 6,011,107 денари и такса од 5% на УЈП во износ од 19,929,926 денари или вкупно износ од 418,444,488 денари, се вели во извештајот на УЈП.
Сите детали овде.
