ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЛЕКАРИ РАБОТАТ БЕЗ ЛИЦЕНЦА: „Ако еден се појавил ги има и во други градови“

НИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЛЕКАРИ РАБОТАТ БЕЗ ЛИЦЕНЦА: „Ако еден се појавил ги има и во други градови“

На вчерашната прес конференција, министерот за здравство Азир Алиу рече дека нема информации колку лекари работат без лиценца, откако беше прашан за тоа како било дозволено лекарот од Струга, со години да работи во струшката болница без соодветна дозвола за работа.

Јавно ќе кажам дека немам точна бројка колку доктори работат во здравствените установи во државата. Во еден таков систем, штом се појавил еден доктор во Струга, претпоставувам дека ги има и во други градови“, рече Алиу.

Алиу вели и дека во иднина ова може да се спречи само  со функционална анализа која ќе покаже колку кадар работи а колку е потребен.

„Уште немам јасна бројка, кога велам јасна и прецизна велам јасна бројка, не може да биде плус еден или минус еден додека не стигнеме до тоа јас јавно ќе кажам дека не знам точна бројка на доктори. Сега во еден таков систем кога не знаете точна бројка на доктори можеби има уште повеќе такви, претпоставка е ако еден се појавил ги има и во други градови“ рече тој.

Инаку, 42 годишниот лекар од Струга, пет години одел на работа и земал плата.


ad
Слично

Поврзани вести