НИ ДОАЃА МНОГУ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ: Ветер, дожд, пролет па северен бран со снег, сето тоа во само два-три дена!
Метеорологот Славчо Попоски најави многу променливо време во деновите што доаѓаат.
Па така, според неговите мерења и анализи, во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд, во четврток и во петок ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец (локално и повремено со брзина од над 60 км/час). Токму ова ќе услови позначително затоплување на времето и натпросечно високи температури на воздухот, вели Попоски.
„Во четврток и во петок температурите на повеќе места ќе се искачат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат дури и до пролетни 18 степени“ вели тој.
За Скопје и околината пак, како што вели тој, ќе имаме слично време, односно позначително, но краткотрајно затоплување на времето во четврток и во петок кога ќе дува засилен јужен ветер. Тогаш температурата ќе се искачи до околу 12 степени.
„Под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од север, за време на викендот ќе имаме нови врнежи, кој поради наглото заладување на многу места ќе преминуваат во врнежи од снег, со што се очекува формирање на снежна покривка на повеќе места низ Македонија. Поради наглите и големи температурни промени кој се очекуваат во следните денови, кај метеопатите се очекуваат позначителни здравствени проблеми“, вели Попоски.
