НИ ДЕСЕТ ПОЛНИ ЛЕНТИ НЕМА ДА ПОМОГНАТ - Еве како се претекнува во главниот град
Фотографии и видеа од сообраќајната некултура во главниот град секојдневно се споделуваат во фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“, но тоа не е доволно да се почитуваат правилата.
Напротив се повеќе „докази“ за непочитувањето на правилата во сообраќајот во земјава секојденвно се споделуваат во оваа група.
Едно од последните видеа објавени во неа е за несоодветно претекнување на возило преку две полни ленти. Според описот поставен на видеото, претекнувањето се случило на булеварот „Борис Трајковски“, каде има четири лендти по две за секој правец, а во средината се одвоени со две полни летни.
- Ни десет полни ленти нема да помогнат - стои во објавата.
Видеото објавено на Фејсбук може да го погледнете на следниов линк.
