„НЕЗНАЕЊЕ СПАКУВАНО ВО ПАРТИСКИ ЦЕЛОФАН“: Најчевска со остра критика за укинатиот Данок за солидарност
Професорката Мирајна Најчевска вчера повторно се огласи со нова кртика, овој пат насочена кон фунцкионирањето на судскиот систем во земајва.
- Ова е едно преубаво објаснување.
И одново и одново ни се покажува основниот проблем со Уставниот суд, а тоа е незнаењето спакувано во партиски целофан.
И дефинитивно отсуството на расправа во која би можеле да се вкрстат аргументите и податоците - напиша Најчевска, пренесувајќи пост од Славко Лазовски кој пак посочува дека одлуката на Уставниот суд за Данокот за солидарност е контраверзна.
- Кој го крши Уставот: - Данокот за солидарност или Уставниот суд?
Данокот и правото не се спротивставени, туку се во една симбиоза, која им е толку природна, едноставно не е можно едно без друго. Може некој елемент од данокот да одскокнува од оваа испреплетеност, но тоа е само некое делче од искаеното платно. Но, целиот данок никогаш.
Сите правни болки: правна сигурност, правна положба и правна неизвесност произлегуваат од наводно неговата ретроактивност - напиша Лазовски.
Во продолжение нивните објави:
