ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Независните граѓански иницијативи ќе формираат две партии за локалните избори

Независните граѓански иницијативи ќе формираат две партии за локалните избори

Независните граѓански иницијативи, заради полесно учество на локалните избори, ќе пристапат кон здружување во заедничка формално регистрирана платформа.

Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош, Зелените од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови.

„Зелен хуман град“ одлучи самостојно да се регистрира како партија и да настапи одделно.

- Ги информираме граѓаните дека платформата што ќе ја основаме формално мора да биде регистрирана како партија, а за тоа ќе ни биде потребна вашата поддршка. Законот дозволува потпис само за една опција, па затоа транспарентно информираме дека потпис за нашата заедничка граѓанска платформа и потпис за која било друга нова партија, вклучително и на ЗХГ, не може да се даде истовремено. Ќе мора да се направи изборот за тоа каде ја гледате вистинската граѓанска алтернатива во моментов, велат од иницијативата.

Тие информираат дека во следниот период ќе споделат повеќе информации во врска со процесот на поддршка и ќе ги претстават нивните листи и кандидати.

,- Сите граѓани без разлика на градот на живеење, ќе можат да ја дадат својата поддршка за нашата регистрација. Граѓаните заслужуваат избор – но и јасна слика. Ќе настапиме здружено, со чесни луѓе, силна визија и искуство стекнато од теренот, велат оттаму.


ad
Слично

Поврзани вести