Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕЗАВИСНИ И НЕПАРТИСКИ: Зелен хуман град со своја листа на локалните избори за Скопје, може да се пријави секој

НЕЗАВИСНИ И НЕПАРТИСКИ: Зелен хуман град со своја листа на локалните избори за Скопје, може да се пријави секој

Активистите од граѓанската коалиција „Зелен хуман град“ на локалните избори што се најавени за наесен ќе настапат со независна и непартиска листа на кандидати за членови на Советот на град Скопје.

Оваа одлука ја соопшти Драгана Велковска, активист и советник во Град Скопје и авторот на популарната апликација која ги презентира податоците за аерозагадувањето „Мој воздух“, Горјан Јовановски, а правото да излезат на избори ќе го обезбедат со собирање на потписи. Велат дека преку платформата #МојГрад до сега поднеле три рунди на граѓански предлози до Советот на Град Скопје, и за жал, сите предлози биле одбиени.

„Токму поради тоа, ние како граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, составена од над 25 организации и поединци, објавуваме составување на советничка листа за ГРад Скопје и учество во претстојните локални избори 2021 година. Време е во составот на Советот на градот да влезат активисти, експерти и граѓани кои го пренесуваат гласот на граѓаните, а во исто време се стремат за поубав, позелен и похуман град, рече Велковска.
Објави и дека секој граѓанин на Скопје ќе може да се пријави како потенцијален кандидат на листата на ЗХГ, со објаснување на неговите/нејзините ставови околу локални теми, размислувања и досегашно искуство во активизам. Сите кандидати ќе се објавени на платформата #МојГрад, каде што корисниците ќе може да гласаат за нивните омилени, а тие со најмногу гласови ќе бидат интервјуирани од тимот на ЗХГ, со цел пронаоѓање на најдобрите кандидати за советничката листа. 

Слично

Поврзани вести