Независни Грци исто како ВМРО-ДПМНЕ, исклучена министерка која го поддржува Преспанскиот договор
Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, денеска објави дека ја исклучил од својата партија Марија Кунтура, министерката за туризам, која продолжува да му дава поддршка на Преспанскиот договор.
Кунтура веќе експлицитно даде до знаење дека има доверба во владата на премиерот Алексис Ципрас и дека ќе ја поддржи ратификацијата на Спогодбата од Преспа. Ова го налути Каменос, кој вчера си даде оставка како министер за одбрана на Грција со образложение дека идеолошки не го прифаќа Преспанскиот договор.
"Г-ѓа Кунтура со нејзината официјална иајава, одлучи да го даде својот глас за името „Македонија“ во замена со министерскиот стол. Сега ја ставам надвор од парламентарната група на Независни Грци", напиша Каменос на Твитер.
Се верува дека помалиот владин коалиционен партнер на Сириза ќе гласа „за“ ратификацијата на Преспанскиот договор со најмалку четири пратеници во грчкиот парламент Без овие пратеници Ципрас не може да обезбеди просто мнозинство од 151 пратеник.
Ваквата одлука повлекува паралела со ВМРО-ДПМНЕ, која исто така не го подржува Преспанскиот договор и уставните измени во македонското Собрание, а во тој контекс веќе ги исклучи своите пратеници со чии гласови беше обезбедено двотретинско мнозинство, но и други влијателни членови.