Економија, финансии, бизнис

Контакт

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сака да биде дел од преговорите за Изборниот законик

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сака да биде дел од преговорите за Изборниот законик

Ќе се залагаат за намалување на бројот на пратеници за застапеност на лицата со посебни потреби на листите, за рамноправна застапеност на мажите и жените и да се изнајде решение со кое ќе се гарантира застапеноста на помалите етнички заедници. Ова го ветуваат од  независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во денешнот упатено соопштение преку кое бараат да бидат вклучени во преговорите за најавените промени на Изборниот законик.

„Одметниците“ велат дека ќе бидат конструктивни партнери во преговорите и ќе ја застапуваат заложбата за поголема демократија во начинот на избор на пратеници што ќе допринесе за разноликост, инвентивност и можност за презентација на различни ставови. 

„Концептот за отворени листи е добра почетна основа за која треба дополнително да се разговара“, се вели во соопштението. 


Слично

Поврзани вести