Економија, финансии, бизнис

Контакт

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

Венко Крстевски, независен член на Советот на Општина Кочани, ќе биде нов привремен градоначалник, а според информациите што се шират, тој веќе обезбедил мнозинство.

Во моментов Кочани по трагичната несреќа нема градоначалник, откако Љупчо Папазов си даде неотповиклива оставка, а потоа беше уапсен и притворен.

Како што објави 24 Инфо, Крстевски веќе има своја програма, во која тој посочува дека ќе се фокусира на зајакната контрола на угостителските објекти и на отстранување на незаконските тенди во градскиот трговски центар.

„Ќе покажам дека со вистинска посветеност и одговорност може да се постигнат значајни промени за кратко време,“ изјави Крстевски, најавувајќи строга дисциплина и законитост во работењето.

Тој би бил нов локален лидер само седум месеци, односно до локалните избори кои се ближат.

Слично

Поврзани вести