Економија, финансии, бизнис

Контакт

Незаконско градење и масакр на дрва на Водно, сопственикот вели дека тој не гради

Незаконско градење и масакр на дрва на Водно, сопственикот вели дека тој не гради

Незаконско градење и нелегална сеча на дрвја на Водно од непознат сторител денеска е откриено од Општина Центар. На терен е забележан голем број на исечени возрасни дрвја.

Комуналните инспектори велат дека станува збор за исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост. ТВ 24 информира дека повикани се и претставници од градежната фирма АД Гранит, кои пак велат дека се затечени од целата ситуација. 

Општинските инспектори ги повикале сопствениците на парцелата и извршен е информативен разговор со нив, за што сопствениците ги информирале дека се оградуваат и дека тие не ја извршиле сечата.   

„Во првиот случај станува збор за 4 парцели во приватна сопственост кои се надвор од ДУП и ГУП и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја и каде деновиве се одвивале градежни дејствија. Во вториот пак, станува збор за исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост.

Двата случаи Секторот за инспекциски работи ги запреа и ги повикаа сопствениците на разговор во текот на утрешниот ден со соодветна документација за утврдување на следни чекори. Општина Центар нема да дозволи непочитување на законите и уништување на зеленилото“, информира градоначалникот Горан Герасимовски.

Од општина Центар посочуваат дека на оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на  градежните активности, а сопственикот е повикан во општина Центар каде ќе бидат утврдени следните чекори.

Слично

Поврзани вести