„Незаконски се приклучил на мрежата за питка вода за да наводнува НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ метри квадратни пластеници“: Арсовска со шокантна објава
Градоначалничката на Град Скопје денеска со објава за откриен див приклучок на водоводната мрежа, за што најави дека е изготвена и кривична пријава.
- Денес фатен нов див приклучок на вода и изготвена е кривична пријава за сторителот, кој во општина Сарај незаконски се приклучил на мрежата за питка вода да си ги наводнува на НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ метри квадратни пластениците.
Поради случаи како овој, каде не само што се оштетуваат граѓаните кои се соочени со сериозен недостаток на притисок во урбаните и руралните средини и недостаток на вода, туку и се избегнува плаќање вода од илјадници евра која ја трошел, оштетувајќи го и ЈП Водовод и канализација Скопје - нагласува градоначалничката во објавата.
Таа додава дека согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатирана е енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови.
Потенцираше дека конкретно во јуни годинава дневната потрошувачка на вода во одредени денови изнесувала рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.
- Потрошувачката е предизвикана од трошење на вода без усул за полевање на ниви, за перење возила, полнење на базени. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот и на квалитетот на водоснабдувањето.
Институции, МВР, Јавно обвинителство, не постапувајте вие и понатаму, во безредие секој мисли дека може бидејќи можат ликови како Висар Ганиу, како децата бизнисмени на 5 години, како оној со дивоградбата од пластичарска што вчера цел ден се заканува! - напиша Арсовска.
Еве ја нејзината објава:
Слично
